Турскиот гигант Трабзонспор би можел да буде следна дестинација за најдобриот фудбалер на Вардар, Роџерс Мато, најавуваат медиумите од оваа земја.
Мато сезонава и покрај повредата во македонското првенство на 17 настапи постигна 15 голови и додаде две асистенции, со што привлече сериозно внимание. Скаутскиот тим на Трабзонспор доставил позитивни извештаи за неговите настапи, а зелено светло имало и од тренерот Фатих Теке кој во Мато гледа идеално засилување.
Но, Вардар нема лесно да се откаже од Мато, веќе беше одбиена понуда од шкотски Хартс од 350.000 евра, а веднаш клубот соопшти дека во договорот на напаѓачот ќе вметне клаузула од 1.5 милион евра, Сепак, во текстот на турските медиуми се најавува дека тие се подготвени и да ја платат таа сума. Ако тоа се случи трансферот би бил најголем на еден фудбалер од македонското првенство.