Тотнем попладнево го потврди трансферот на Доменик Соланке од Борнмут, се работи за рекордна зделка вредна околу 65 милиони фунти.
„Спарси“ минатото лето го продадоа Хари Кејн на Баерн Минхен но не донесоа директна замена и сезоната ја одиграа без класичен напаѓач.
Сепак, Тотнем ова лето реши да инвестира во нов голгетер и изборот падна на Доменик Соланке од Борнмут.
Англичанецот попладнево беше промовиран како нов фудбалер на Тотнем во рекордна зделка и за „спарси“ и за Борнмут.
Со 65 милиони фунти (55+10), тој ќе стане играчот за кој Тотнем одвоил најголема сума, како и играчот за кој Борнмут извлекол најмногу пари.
За Доменик Соланке, кој е продукт на школата на Челси а потоа имаше и авантура во Ливерпул, минатата сезона беше најдобрата во неговата кариера со 19 погодоци во Премиерлигата.
We are delighted to announce the signing of Dominic Solanke from Bournemouth.
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) August 10, 2024
Welcome to Tottenham, Dominic! 🤍