Toтнем веќе има фаворит за нов тренер – миленикот на Гвардиола!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Тотнем повторно е во потрага по нов тренер, откако клубот денеска му се заблагодари на Томас Франк, кој на клупата се задржа само осум месеци. Одлуката доаѓа во момент кога „спарс“ се соочуваат со сериозна резултатска криза, а англиската јавност веќе шпекулира со имиња за негов наследник.

Како најсериозен кандидат се издвојува Роберто Де Зерби, стратег кој неодамна ја заврши епизодата во Марсеј. Италијанецот остави силен впечаток во Премиер лигата со Брајтон, каде што неговиот напаѓачки и храбар стил донесе бројни пофалби, а своевремено беше поврзуван и со клупата на Манчестер јунајтед. До соработка тогаш не дојде, но неговото име и натаму котира високо на европската сцена.

Де Зерби важи за темпераментен тренер со јасна фудбалска филозофија и често е посочуван како еден од најиновативните во современиот фудбал. Иако во Франција не успеа да му парира на моќниот ПСЖ, не треба да се заборави и дека редовно добиваше пофалби од еден Пеп Гвардиола.

Кој и да седне на жешката клупа во Лондон, ќе го чека сериозен предизвик. Тотнем моментално е на 16-тото место со 29 бодови, само пет повеќе од Вест хем, кој се наоѓа на работ од опасната зона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×