Тотнем вака тешко ќе се спаси, Нотингем ги посрамоти! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Тотнем никако да излезе од резултатската криза, откако на домашен терен претрпе тежок пораз од Нотингем Форест (0-3), директен конкурент во битката за опстанок. Лондонскиот состав продолжува да разочарува оваа сезона и сè повеќе се наоѓа во незавидна позиција, па доколку не дојде до брз пресврт, опасноста од преселба во понизок ранг станува сè пореална.

Гостите го најавија триумфот уште пред паузата, кога Игор Жесус погоди за водство, а во вториот дел ја потврдија доминацијата. Гибс-Вајт и Авоџи беа прецизни за убедливи 3-0, оставајќи го Тотнем без одговор пред своите навивачи.

Во вториот натпревар, Астон Вила славеше со 2-0 против Вест Хем и направи значаен чекор во трката за пласман во Лигата на шампионите. За тимот од Бирмингем оваа победа доаѓа како олеснување, откако претходно четири кола не успеаја да запишат триумф.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×