Ревијален натпревар се одигра меѓу легендите на Тотнем и Милан, а заврши со триумф на Англичаните од 6-2. Средбата се одигра на „Тотнем Хотспур Стадион“ и беше вистинска ревија на екс-ѕвезди.
- Стартни состави за двете екипи:
Тотнем (4-2-4): Гомес (Ворм); Чимбонда (Пери), Досон, Кинг (Басонг, Нилсен), Кабул (Асу Екото); Сандро (Фреунд), Таинио (Браун); Ленон (Фалко), Кин (Шерингем), Бербатов, Дефо; Тренер: Сем Алардајс
Милан (3-4-2-1): Дида (Фиори); Лаурсен, Роке Жуниор, Симиќ; Кафу, Џунти (Закардо), Амброзини (Јанкуловски), Сержињо, Фусер, Пирло; Рикардо Оливеира (Бориело); Тренер: Ибрахим Ба;
„Петлите“ уште во првиот дел водеа со 5-0 откако хет-трик постигна Роби Кин, а погодуваа уште Џермејн Дефо и Сандро. За гостите во вториот дел на 5-1 намали Кристијан Закардо, па Браун го даде петтиот гол за Тотнем.
За крај на овој спектакл следеше вистинска мајсторија на Андреа Пирло. Италијанецот и на 45-годишна возраст стрела директно од слободен удар.