Мурињо го извади најсилниот тим со кој располагаше за гостувањето од ФА Купот кај Мидлсброу, но и покрај тоа не успеа да победи.
Тотнем имаше многу повеќе од играта, но и домаќините беа опасни при своите напади.
Резултатот беше отворен по пет минути игра во второто полувреме, Флечер погоди за водство на Мидлсброу од 1-0.
Десетина минути подоцна по убава асистенција од Орие, Лукас Мура со глава реализираше за израмнување на 1-1.
До крајот на мечот Тотнем се обидуваше да направи пресврт, но нападите главно беа јалови, резултатот остана непроменет.
За разлика од нив, Челси со 2-0 го победи Нотингем Форест со голови во првото полувреме на Ходсон Одои и Баркли.
Премиерлигашот Кристал Палас беше исфрлен од Дерби откако на свој терен загуби со 1-0.
Резултати ФА Куп:
Бристол Роверс – Ковентри 2:2
Бартон – Нортемптон 2:4
Чарлтон – ВБА 0:1
Челси – Нотингем Форест 2:0
Кру – Барнсли 1:3
Кристал Палас – Дерби 0:1
Мидлсброу – Тотнем 1:1
КПР – Свонси 5:1
Шефилд јунајтед – АФК Филд 2:1