307
Тотнем реши да инвестира 30 милиони фунти за ангажман на 19 годишниот Вилсон Одобер, кој во октомври месец минатата година стана најмладиот стрелец на Барнли во Премиерлигата.
„Спарси“ породолжуваат да го кројат составот за новата сезона, ново име во Северен Лондон е Вилсон Одобер.
19 годишното момче, кое потекнува од школата на ПСЖ, минатото лето пристигна во Барнли и импресионираше со своите партии, па Тотнем реши да инвестира 25+5 милиони фунти за негов ангажман.
Вилсон Одобер иако кратко време беше дел од Барнли, остави голема трага, и во октомври месец минатата година стана најмладиот стрелец во историјата на популарните „клеретс“ кога се во прашање натпреварите во Премиерлигата.