Тотнем го фрли погледот кон Родриго, англискиот клуб влегува во трката за бразилскиот ас на Реал Мадрид, пишува „АС“.
Спарси сакаат да го засилат напаѓачкиот ред и се приклучуваат на листата заинтересирани во која веќе се Ливерпул, Баерн Минхен, Арсенал и Челси. По европската круна во Лигата на Европа, претседателот Даниел Леви има амбициозни планови за летниот преоден рок. Целта е да се задржи костурот на тимот и да се донесат звучни имиња, Родриго е еден од приоритетите.
Наводно, Тотнем ќе се обиде да ја симне цената под 90 милиони евра, но засега нема официјални преговори. Сите контакти биле водени преку агенти, без директен разговор со Реал Мадрид.
Родриго сака најпрво да се сретне со новиот тренер Чаби Алонсо пред да донесе одлука за својата иднина, а сè уште е на одмор. Во сезоната што заврши, настапи на 30 натпревари во Ла Лига и запиша 6 гола и 5 асистенции.