Тотнем иако имаше
предност од 0-2, на крајот ќе мора да се задоволи само со бод од гостувањето
кај Олимпијакос откако обете екипи ремизираа со резултат 2-2, а со оглед на тоа
како течеше средбата, за домаќинот ова е бод исто како победа.
Кејн од пенал во
26. минута го доведе Тотнем во почетно водство од 0-1, а Мура само четири
минути подоцна го дуплираше водството на Премиерлигашот и на 0-2.
Во продолжението
од средбата Поденсе на само една минута пред паузата намали на 1-2, за веќе
Валбуена во 54. минута од пенал да погоди за конечни 2-2.
Иако возбудлив и
исполнет натпревар со шанси одиграа Бриж и Галатасарај, сепак обете екипи не
успеаа да постигнат гол на пресметката во Белгија, па така мечот заврши без
погодоци и поделба на бодовите.