Тотнем не знае кај тера, ќе ги спасува тренер кој 20 години не работел?!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ шпекулираат дека Глен Ходел би можел да го преземе кормилото на Тотнем доколку Игор Тудор не почне да победува.

„Спарси“ се во тешка криза, ниту промената на тренерот не ги разбуди играчите, под водство на Игор Тудор беа забележани три порази во низа во Премиерлигата, па клубот од Северен Лондон е на само бод од зоната за испаѓање.

Па Тотнем веќе размислува за ангажман на нов тренер и отказ за Игор Тудор доколку победите не пристигнат.

Нова тренерска рокада можеби е логичен избор бидејќи им гори под нозе, но изненадува името кое раководството на клубот го има на ум.

Шпекулациите велат дека Тотнем ќе се спасува со помош на својот поранешен играч и тренер, Глен Ходл.

Тој можеби одлично го познава клубот, но последен пат работеше пред 20 години, односно беше тренер на Вулверхемптон во 2006 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×