Тотнем купи нов голман

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Тотнем во денот на натпреварот со Њукасл обезбеди и засилување наа голманската позиција.

Имено, нов голман на лондонскиот клуб ќе биде Антонин Кински. Во прашање е 21-годишен голман кој пристигнува од Славија Прага за да биде алтернатива за повредениот Викарио.

Вториот голман Фрејзер Фостер не се истакна во отсуство на Италијанецоот, па на „Вајт Харт Лејн“ одлучија да реагираат.

Голманот е веќе во Лондон и во текот на денешниот по натпреварот со Њукасл ќе ги помине лекарските прегледи.
Тотнем за него ќе плати сума од десет милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани