Тотнем ја потврди повредата на Кејн, се огласи и самиот играч (ФОТО)

by
1 минути читање

Жозе Мурињо ги
доби лошите вести кои ги очекуваше, Тотнем вечерва делумно ги објавија резултатите
од тестовите извршени врз Хари Кејн. „Спарси“ соопштија дека напаѓачот го скинал мускулот на задната ложа, но не прецизираа колку е сериозна повредата и
кога Англичанецот ќе се врати на теренот.

Доколку се работи
за втор степен (делумно кинење на мускулот), Хари Кејн ќе паузира до крајот на
месецот, но доколку се работи за трет степен (целосно кинење на мускулот) може
да значи и пауза од неколку месеци.

Медиумите од
„островото“ сметаат дека се работи за ова второто и предвидуваат дека Хари Кејн
ќе биде надвор од стројот најмалку шест недели.

По соопштението
на Тотнем се огласи и самиот Хари Кејн, кој на Твитер постираше мотивациона
порака од Роберт Шулер: „Главата горе. Тешките времиња не траат вечно, ама
жилавите момци да“.



Можно е и ова да ти се допаѓа

×