Тотнем испиша нова историја против Транмере и покрај тоа што воведните минути од мечот не го навестуваа тоа. Покетино излезе со комбиниран состав против четвртолигашот, „Спарси“ долго време се мачеa и резултатот беше отворен пред финишот на првиот дел кога Орие распали од далечина и донесе предност од 0-1.
Гостите заиграа далеку подобро во продолжението од мечот, па Љоренте на стартот од вториот дел донесе водство од 0-2. Орие по втор пат погоди во 55. минута, а само 120 секунди секунди подоцна во листата на стрелците се запиша и Сон. Потоа следуваа два гола за две минути на Љоренте, за точка на мечот да стави нововлезениот Кејн.
Победата од 0-7 е најголем гостински триумф на Тотнeм во нивната историја.