Тотнем го потопи Манчестер јунајтед на Олд Трафорд, нов шамар за Мурињо (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во третото коло од Премиерлигата, Манчестер јунајтед го забележа вториот пораз, вечерва загуби на свој терен и тоа со убедливи 3-0 од Тотнем.

Нов кикс на Жозе Мурињо, гневот кај фановите на Јунајтед се зголемува, а раководството на клубот ќе треба да почне да размислува за тренерска смена.

Манчестер јунајтед не го почна лошо натпреварот, правеше притисок кон голот на Лорис, во 17. минута Лукаку од странична позиција промаши празен гол.

Во 33. минута Погба имаше убава шанса но Хуго Лорис беше на висината на задачата.

Работите комплетно се променија во второто полувреме, а се почна во 50. минута кога по асистенција на Трипие од корнер, Хари Кејн погоди со глава за водство од 1-0.

Само две минути подоцна, Лукас го зголеми водството на Тотнем од 2-0, веќе се надзираше победникот.

Јунајтед се обидуваше да се врати, но гостите беа поблиску до нов погодок, по еден голем кикс на Линделоф, Деле Али излезе еден на еден со Де Геа, но голманот беше поуспешен.

На пет минути до крајот, Лукас имаше одличен потег, убава соло акција која ја круниса со гол за конечни 3-0.

По овој пораз притисокот врз Манчестер јунајтед станува се поголем, останува да видиме дали ќе се извадат од него, следниот дуел им е на гостински терен кај Барнли.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×