Тотнем го помина Мидлзброу во повторениот меч од ФА Купот (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Откако мечот на гостински терен заврши 1-1, тимот на Мурињо мораше да игра уште еднаш за да го помине Мидлзброу.

Тотнем тргна одлично во натпреварот по само 15 минути игра водеше со 2-0 со головите на Ло Селсо и Ламела. Но тука застана.

Во продолжението имаше неколку убави шанси, но не постигна гол. Мидлзброу преку Савиљ во 83. минута намали на 2-1 за неизвесна завршница. Сепак тоа беше и конечниот резултат.

Во следното коло се пласира и Њукасл кој со убедливи 4-1 го победи Рочдал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×