Поразот од Њукасл го натера Тотнем да повлече потег и да го отпушти тренерот Томас Франк, стратегот од Данска издржа само осум месеци на кормилото на „спарси“.
Томас Франк беше тренер на Брентфорд седум години, но во Тотнем издржа само осум месеци.
Синоќешниот пораз од Тотнем ја прели чашата, па „спарси“ утрово решија да му врачат отказ на стратегот од Данска.
Клубот од Северен Лондон вели дека првичниот план бил да му даде време на Томас Франк, но серијата лоши резултати ги принудила да повлечат потег.
„Клубот донесе одлука да го промени тренерот, Томас Франк ќе го напушти клубот“ – се вели во соопштението.
„Томас беше назначен во јуни 2025 година, и бевме решени да му дадеме време и поддршка кои се потребни за заедно да ја градиме иднината. Сепак, резултатите и прикажаните игри го принудија одборот да пресече дека во овој дел од сезоната е неопходна промена“.
По вчерашниот пораз од Њукасл, Тотнем е на 16-тото место на табелата, има само пет бода повеќе од Вест Хем и зоната за испаѓање.
ФОТО: X/Tottenham Hotspur