818
Тотнем го промовира првото зимско засилување, а се работи за талентиран голман од Чешка.
Нов член на „петлите“ е Антонин Кински кој доаѓа од редовите на Славија Прага за сума од 16 милиони евра. 21-годишникот во тековната сезона има 12 „чисти мрежи“ на 19 натпревари, па со тоа се препорача за трансфер во најсилната лига на светот.
Клубот му даде доверба на Кински со договор до 2031 година. Тој ќе се бори за местото прв голман со Гиљермо Викарио кој моментално е повреден.