Екипата на Тотнем го потврди ангажманот на Роберто Де Зерби кој пристигнува на местото на Игор Тудор и ќе има за цел да го спаси клубот од испаѓање.
Спортскиот директор на Тотнем, Џон Ланге потврди и дека Италијанецот бил голема желба на Тотнем уште во текот на летото.
„Роберто беше нашата прва цел за летото и многу сме задоволни што успеавме да го донесеме уште сега.
Тој е еден од најкреативните и најпрогресивни тренери во светскиот фудбал и носи со себе богато искуство на највисоко ниво, вклучувајќи го и Премиер лигата“, порача Ланге.
Задоволство од договорот истакна и Де Зерби.
„Пресреќен сум што доаѓам во овој фантастичен клуб кој е еден од најголемите во светот“, изјави италијанскиот стратег.