Тотнем го доби големото дерби против Манчестер Сити, деби од соништата за Бергвејн! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дербито меѓу Тотнем и Манчестер Сити изобилуваше со возбудливи моменти, а два гола во второто полувреме го решија победникот.

Манчестер Сити тргна подобро во натпреварот, но лесно можеше да остане со играч помалку уште во 13. минута, Стерлинг стартуваше со отворен ѓон, сепак ВАР сметаше дека нема црвен.

Во 28. минута Агуеро ја погоди стативата од голот на Лорис, а десет минути подоцна Аргентинецот се избори за пенал кој беше досуден со ВАР дури три минути покасно од прекршокот.

Гундоган шутираше од белата точка но не успеа, Хуго Лорис му го прочита шутот и го одбрани неговиот удар.

По четири минути игра во второто полувреме Гундоган имаше неверојатна можност, но не успеа да се искупи за промашениот пенал.

Во 60. минута Жинченко доби втор жолт картон, Манчестер Сити остана со играч помалку.

Тотнем тоа веднаш го искористи, дебитантот Стевен Бергвајн кој само пред неколку дена потпиша од ПСВ, доби место во стартниот тим и постигна убав гол во 63. минута за водство од 1-0.

Не поминаа ни десет минути, во 71. минута Сон реализира за 2-0 и тука веќе беше јасно кој ќе биде победникот.

До крајот тимот на Мурињо ја сочува предноста и сосема заслужено се радуваше на голема победа со која се искачи на петтата позиција на табелата.

Пред овој меч Арсенал одигра без голови на гостувањето кај Барнли.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×