Тотнем го ангажираше Бергвијн за 25 милиони фунти, Мурињо за нов напаѓач сега има само 10 милиони

by
1 минути читање

22 годишниот офанзивен
фудбалер, Стивен Бергвијн е ново засилување на Тотнем. Холанѓанецот пристигнува
во Лондон од ПСВ за 25 милиони фунти (30 милиони евра) и се обврза кон „спарси“
до јуни 2025 година.

Со реализирање на
овој трансфер, Жозе Мурињо ќе остане со скромен буџет за ангажман на нов
напаѓач и замена за повредениот Хари Кејн. Како што пренесуваат медиумите од
Англија, „специјалниот“ на располагање ќе има само 10 милиони фунти.

Со ваква сума,
Тотнем е далеку од Криштоф Пјонтек, за кого Милан бара 25 милиони фунти (30
милиони евра) или Вилијан Жозе  за кого Реал Сосиедад бара 20 милиони фунти (25
милиони евра).

Оливие Жиру од Челси
се споменува како нова цел, неговата цена е мала, но тешко за верување дека
„сините“ ќе го продадат Французинот на ривал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×