Тотнем ги осуди навивачите: Ужасни се расистичките навреди кон Матис Тел!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тотнем остро реагираше поради расистичките напади на социјалните мрежи кон Матис Тел, еден од двајцата играчи кои промашија пенал во поразот од ПСЖ во УЕФА Суперкупот (4-3). Францускиот напаѓач беше мета на бројни критики, а дел од нив преминаа во отворена дискриминација.

Ужаснати сме од расистичките навреди кон Матис Тел на социјалните мрежи по синоќешниот пораз во УЕФА Суперкупот. Матис покажа храброст и презеде одговорност да изведе пенал, а оние кои го навредуваат се кукавици – криејќи се зад анонимни профили исфрлајќи навреди. Ќе работиме со надлежните органи за да се преземат сите можни акции и сторителите да бидат идентификувани. Стоиме зад тебе, Матис“, порачаа од клубот.

Другиот промашен пенал за лондонскиот клуб го имаше Мики Ван де Вен, чиј обид го одбрани голманот Шевалие.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×