151
Тотнем не успеа да го скрши отпорот на Колчестер во регуларниот дел, а по пеналите се радуваше домашниот тим кој направи сензација.
Таков проблем немаа другите Премиерлигаши кои лесно ги добија своите противници.
Арсенал со 5-0 го совлада Нотингем Форест, Манчестер Сити со 3-0 славеше кај Престон, Лестер со 4-0 победи во Лутон.
Ватфорд со 2-1 беше подобар од Свонси, Евертон со 2-0 го елиминираше Шефилд Венздеј, Краули на пенали го помина Стоук.