Тотнем е еден од најтешките противници за Гвардиола – бројките се доказ!

by Стефан
1 минути читање

Манчестер сити денеска го доживеа првиот пораз во сезоната и тоа на својот „Етихад“, каде во дербито од второто коло на Премиер лигата загуби од Тотнем со 0-2. Овој неуспех уште еднаш ја потврди лошата традиција која ја има Пеп Гвардиола против лондонскиот ривал, кој важи за еден од најтешките противници за шпанскиот стратег.

Денешниот пораз за Гвардиола е 10-ти во дуелите со „петлите“, бројка која ја дели единствено со Ливерпул. Зад нив следи Манчестер јунајтед со девет победи против шпанскиот стратег, додека Челси и Реал Мадрид имаат по осум.

Ќе потсетиме, Сити сезоната ја отвори со убедлив триумф против Вулвс со 4-0, но денеска „граѓаните“ беа немоќни и не прикажаа игра со која би заслужиле да го избегнат поразот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×