Тотнем почна да
се распрашува во Рома за нивниот искусен напаѓач Един Џеко, но „Кориере дело
Спорт“ известува дека англискиот Премиерлигаш веднаш добил негативен одговор од
„Римската волчица“ за Босанецот.
Одредени медиуми
на Островот пренесоа дека „Спарси“ ги разгледуваат опциите на трансфер пазарот
во поглед на тоа да го засилат нападот, каде единствена опција е незаменливиот
Хари Кејн.
Тотнем токму во
Џеко идентификувал перфектен кандидат за поддршка за Кејн, а воедно веднаш
пристапил на преговори со Рома, но, но од таму добиле негативен одговор со
наведување дека Босанецот не е за продажба.
33 годишниот Џеко
настапува за Рома од 2016. година па наваму, по трансферот од Манчестер Сити за
11 милиони евра, од тогаш запиша 198 настапи за италијанскиот прволигаш во сите
натпреварувања каде успеа да постигне 95 погодоци, како и 40 асистенции.