Франческо Тоти ја заврши кариерата во Рома, но беше нејасно дали ќе продолжи да игра на друго место. Капитенот одлучи да ги „обеси копачките“ и да почне со едно ново поглавје во животот. Тоти ќе биде еден од директорите во Рома.
„Мојот дел како фудбалер е завршен, сега почнувам друга важна улога, ќе бидам директор и се надевам дека ќе бидам успешен како што бев на зелениот терен“ – вели Франческо Тоти.
„Фудбалот ми е се, беше моја пасија, ме допираше до секој дел од телото, не сакав никогаш да заврши, премногу ми значеше, премногу ме возбудуваше“.
„Поминав 25 години од историјата на Рома, теренот ми даде премногу а јас се обидував да им дадам исто толку на луѓето кои ме сакаа“.
„Сега почнувам од почеток, нова фаза и нова авантура. Сега полека, чекор по чекор ќе навлегувам во новата улога. Ќе бидам комплетно достапен за сите од младинскиот сектор, до претседателот на клубот“.
„Ќе работам со Мончи, со претседателот Палота, со Балдисони, Ди Франческо…, имам среќа да ги знам сите нив, некои помалку, некои повеќе“.
„Која ќе биде мојата титула? Викајте ме Франческо, како и секогаш“.