93
На Олимпико против Џенова, Тоти ќе го има својот последен натпревар за Рома.
„Рома – Џенова ќе биде мојот последен натпревар на кој ќе го носам дресот на Рома. Невозможно е во неколку зборови да објаснам што значат овие бои значеле, значат и ќе значат за мене“ – вели Тоти.
„Едноставно чувствувам дека мојата љубов кон фудбалот не поминала, тоа е пасија, моја пасија. Таа е толку длабоко што не можам ниту да замислам да престанам да ја хранам. Никогаш“.
„Од понеделник подготвен сум да заминам, подготвен сум занов предизвик“.