Тоти влезе во Куќата на славните на Рома: Ова е чест и привилегија

by
1 минути читање

„Принцот од Рим“ вчера се збогува со „Волчицата“, Франческо Тоти против Џенова го одигра последниот натпревар за Рома.

Попладнево Рома и оддаде ново признание на својата икона и соопшти дека е донесена одлука Франческо Тоти веднаш да влезе во Куќата на славните.

„Рома е горда што може да соошти дека го вклучи Франческо Тоти во Куќата на славните“ – гласеше соопштението.

За овој потег на „Волчицата“, Тоти рече: „Чест и привилегија е да се добие вакво признание“.

„Да бидам покрај моите идоли, и идолите на генерации фанови, тоа е големе привилегија“.

„Сакам да и се заблагодарам на Рома за ова ново признение до кое стигнав носејќи го дресот на „Волчицата“ и бранејќи ги боите на клубот од моето срце“.

Франческо Тоти е 28. име во Куќата на славните на Рома и единствен од генерацијата 2017.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×