Тоти: Сега е вистински момент Анчелоти да дојде во Рома!

by riste
1 минути читање

Легендата на Рома, Франческо Тоти верува дека Карло Анчелоти е идеално решение за тренерската позиција во римскиот клуб.

Неизвесно е дали Анчелоти ќе остане во Реал Мадрид, поголеми се шансите да се раздели со кралскиот клуб по крајот на сезоната.

Анчелоти како фудбалер најмногу години помина во Рома, за овој тим играше дури осум сезони, но никогаш не работел како тренер.

„Се надевам дека Анчелоти ќе може да дојде, тој отсекогаш бил фан на Рома. Мислам дека сега е вистинскиот момент да дојде“, вели Тоти.

„Ако треба да бирам млад тренер, ќе го изберам Де Зерби. Тој има одлични вештини и визија како да направи тим“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани