Франческо Тоти
признава дека бил близу до трансфер во Реал Мадрид, но верува дека ја донел
вистинската одлука на крајот да остане во Рома до крајот на својата
професионална кариера, нешто што се случи.
Тоти се
пензионираше лани во мај, а тој е дел од друштвото на мала група на фудбалери
кои минале цела своја кариера во еден клуб, а легендарната „десетка“ на тимот
од Рим, признава дека во периодот на неговата кариера единствено Реал Мадрид би
го одбрал доколку си заминел од Рома, нешто што било близу до реализација.
„Јас навистина
бев близу до трансфер во Реал Мадрид, меѓутоа донесов голема одлука за да
останам во Рома до крајот на мојата професионална кариера“ изјави Тоти во однос на тоа што веќе е познато за јавноста, а се работи за 2006. година, кога бил близу до трансфер во Кралскиот клуб.
„Доколку одлучев
да си заминам, мојот избор беше вон Италија, но само за Реал Мадрид, со почит
кон навивачите на Рома“ додаде тој во интервјуто за БеинСпортс.
„Сепак, на крајот
ја донесов вистинската одлука да останам во мојот тим кого го поддржував
секогаш, и така ќе остане засекогаш“ заклучи легендата на Римската волчица.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.