Легендата на Рома и Италија, Франческо Тоти проговори за гласините кои го поврзуваа со шокантен кам-бек во Серија А, и меѓу редови посочи дека се воделе преговори со Џенова.
Во октомври месец минатата година се појавија гласини за шокантен кам-бек на Франческо Тоти во Серија А, и доколку преговорите завршеа успешно, легендата на Рома и Италија со 48 години ќе станеше најстариот фудбалер кој настапил во Калчото.
Во разговор со Вива Ел Футбол, Франческо Тоти сега меѓу редови посочи дека постоела можност да потпише со Џенова.
„Имаше добро шанси да се вратам на терените, и тоа во Серија А“ – вели Франческо Тоти.
„Тренирав секој ден, по два часа секој ден. Бев во топ форма од аспект на издржливост и сите други потребни квалитети“.
„Но не се случи ништо бидејќи ќе требаше да променам премногу работи, ќе настанеше хаос. Ќе требаше да се преселам во друг град“.
„За кој клуб станува збор? Можам само да кажам дека ќе живеев во близина на Антонио Касано, ви се верува?“.