Тоти ја промовираше својата автобиографија, а во неа има и интересни детали од „судирот“ со Спалети (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Долго очекуваната
автобиографија „
II Capitano,
на легендата на Рома, Франческо Тоти
е промовирана на неговиот 42 роденден, а во истата може да се проследат многу
детали од животот на Италијанецот.

Поранешниот
фудбалер на Римската волчица својата книга ја претстави во јавноста пред „Колосеумот“
во Рим, а во истата има и детали од неговиот „судир“ со Лучијано Спалети.

Доста беше,
треба само да си заминеш, играш карти со останатите, и покрај забраната од моја
страна, завршив со тебе
“ открива Тоти во својата книга за судирот кој го имал
со Спалети по мечот против Торино каде тој постигна два гола.

Имаше денови
кога игравме турнири во карти, а пред крајот на сезоната се уште не знаевме кој
ќе биде најдобар, затоа предложив сите работи да се разјаснат на темата кој ќе
биде шампион, сите прифатија и останавме будни до 5,30 часот наутро, во еден
момент слушнавме како некој тропа на вратата, тоа беше Спалети, ме праша
Франческо, знаеш ли
колку е часот?
покажувајќи
кон часовникот, му реков да не се грижи, ќе победиме на натпреварот кој не
очекува
“ открива Тоти.

Потоа ме тргна
настрана, влезе во собата и го виде Окака, Аквилани и Роси, и уште неколкумина
кои се криеја во тоалетот, беше премногу изненаден.
Мислиш дека ова е нормално, Франческо?, ме праша, а потоа се врати на спиење.
Мислам дека неговата фобија со картите беше причина за тоа што се крена прашина
околу моето заминување во пензија
“ заклучи легендата на Рома, а во сегашни
околности, издвои дека Спалети е одличен тренер, можеби и најдобриот со кого
тој работел.

Што се однесува
до објавувањето на книгата, многу познати фудбалски имиња имаше на големиот
настан во Рим, меѓу кои се најдоа Марчело Липи, Марко Матераци, Клаудио
Раниери, потоа неговите поранешни соиграчи од шампионската генерација на Рома,
Симоне Перота, Винсент Кндела, Антонио Касано, како и Даниеле Де Роси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×