Тоти го собра тимот на вечера, само еден беше изоставен (ФОТО)

by
2 минути читање

Екипата на Рома
бележи уште една одлична сезона зад себе, на едно коло до крајот на Серија А,
заостанува со четири бода зад лидерот Јувентус, но во последниот меч во недела
против Џенова ќе мора да го потврди второто место на табелата кое носи директен
пласман во Лигата на Шампионите.

Мечот против
Џенова на „Олимпико“ ќе биде посебен, од причина што тоа ќе биде последен
натпревар за легендата на Рома, 40 годишниот Франческо Тоти кој целата своја
фудбалска кариера ја мина во тимот од Рим, бележејќи 618 настани, односно 250
погодоци во периодот од 1992. до оваа година.

„Принцот од Рим“
по повод повлекувањето организираше и вечера за сите од екипата на Рома,
вклучувајќи го и стручниот штаб на тимот, но изостана само еден, тренерот Лучијано
Спалети.


Познато е дека
има големи несогласувања околу нив двајца, во неколку наврати тоа се забележа и
на натпреварите директно, каде во неколку прилики фановите од трибините бараа
нивниот миленик да влезе на теренот во последните минути од натпреварите, за да
го поздрават, но Спалети тоа го одбиваше.

Во однос на
натпреварот во недела, се очекува спектакл и вистинско збогување со капитенот
на Рома,
самиот тој даде мошне емотивна изјава во пресрет на последниот негов меч за Рома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани