118
Тотенхем триумфално ја продолжува одличната сезона, овој пат жртва беше Саутемптон.
Многумина прогнозираа дека Тотенхем може да падне без својот најдобар играч, Хари Кејн кој е повреден, но првиот натпревар заврши позитивно.
Резултатот беше отворен во 14. минута со убав гол од далечина на Ериксен. Во 33. минута Деле Али од пенал ја зголеми предноста на 2-0.
По седум минути игра во вториот дел со погодок на Вард Проус, Саутемптон се врати во живот, но тоа беше се што направија гостите.
Три бода со кои Тотенхем е осамен на второто место зад Челси со десет бода помалку од лидерот.