113
Тотенхем победи на гостувањето кај Лестер со неверојатни 6-1, а во главна улога беше Хари Кејн кој постигна четири гола а имаше и една асистенција.
Резултатот беше отворен во 25. минута кога по асистенција од Сон, Кејн погоди за водство од 1-0. Само десет минути подоцна веќе беше 2-0, маестрално додавање на Деле Али до Сон кој го зголемува резултатот.
По 15 минути игра во вториот дел, Чилвел реализира за намалување на резултатот, но Лестер кратко беше во игра, во продолжение следуваа уште три гола на Кејн и еден на Сон.
Со овие четири гола Хари Кејн изби на врвот на листата на стрелците во Премиерлигата со вкупно 26 погодоци, два повеќе од Лукаку, три од Санчез.