По воведниот меч
за денеска кој заврши без голови помеѓу Кардиф и Њукасл, во редовниот термин од
16 часот се одиграа уште четири средби, во кои домаќините доминираа со три
победи, имаше и една гостинска.
Тотенхем со 3-1
беше подобар од старо-новиот Премиерлигаш Фулам кој немаше сили до изненадување
од таа средба.
Лукас Мура со
убав гол донесе водство за Тотенхем од 1-0 на две минути пред паузата, а по
само седум минути во второто полувреме Митровиќ израмни на 1-1, но тоа беше се’
што гостинската екипа стори на
мечот.
Во продолжение
Трипие во 74. минута повторно ги врати домаќините во водство, овој пат од 2-1,
а три минути подоцна Кејн ги постави конечните 3-1 од мечот на Вембли арената
во Лондон.
Резултати:
Кардиф – Њукасл 0:0
Евертон –
Саутемптон 2:1 (Волкот 16,
Рикарлисон 31’ ; Ингс 54’)
Лестер – Волверхемптон 2:0 (Доерти /автогол/ 29’, Мадисон 45’)
Вест Хем –
Борнмут 1:2 (Арнаутовиќ 33’
; Вилсон 60’, Кук 66’)
Тотенхем – Фулам 3:1
Од 18,30 часот
Челси на домашен терен го пречекува Арсенал во дербито на колото, а утре се
среќаваат Барнли – Ватфорд, Манчестер
Сити – Хадерсфилд и Брајтон –
Манчестер јунајтед. Второто коло се комплетира во понеделник со дуелот
помеѓу Кристал Палас и Ливерпул.