Џовани Ло Селсо со
месеци се поврзуваше со преселба во Тотнем, но неговиот трансфер се
комплетираше во 5 до 12. Тотнем го потврди трансферот 20 минути по истекот на преодниот
рок (клубовите кои доставиле документација пред 18 часот, имаат рок до 20 часот да средат се) .
Детали не беа
откриени, „спарси“ само соопштија дека фудбалерот од средниот ред пристигнува на позајмица со опција да биде купен во целост.
Медиумите пак
пишуваат дека се работи за прилично необична зделка структуирана да се
задоволат сите страни, и делумно и да се изигра ПСЖ, кој треба да добие 20% од
следната продажба.
Тотнем за
позајмицата ќе плати 16 милиони евра, сума која може да наресне до 20 милиони
во зависност од перформансите на играчот и резултатите. „Спарси“ исто така ќе
имаат опција да го купат 80% од играчот за додатни 41 милион евра, а доколку се
пласираат во Лигата на шампионите, оваа опција станува обврзувачка.
За останатите 20%
од сопственоста на Ло Селсо има серија бонуси со кои вкупната сума на
трансферот треба да се искачи на околу 70 милиони евра (доколку не се исполнат
бонусите, Бетис ќе задржи процент од играчот).
Па така Бетис
некако ќе стигне до бараната сума, Тотнем ќе го добие Ло Селсо без да го
оптовари премногу буџетот, а Аргентинецот ќе си ја исполни желбата да заигра во
Премиерлигата за поголема плата. Единствено ќе извиси ПСЖ, кој ќе остане
пократок за неколку милиони (процентот важи за продажба, не и за позајмица).