Тосун тргна да се конфронтира со навивачите откако здогледа вознемирувачка слика на трибините (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Турција синоќа во
Женева одигра контролен меч против Тунис кој заврши со реми од 2-2, а напаѓачот
на Евертон го отвори мечот на резултатски план постигнувајќи гол од пенал.

Но, во 59. минута
главниот арбитар на средбата му додели директен црвен картон, а причина за тоа
е што Тосун сакаше да се конфронтира со навивачите.

Во правец кон
неговото потесно семејство кое беше сместено на трибината каде беа и други
турски навивачи, било фрлено пиротехнички материјал, а кога го здогледа тоа се
вознемири, соиграчите го смируваа, а мечот беше во прекин.

Јас сум
професионалец во тоа што го работам, никогаш не би го сторил тоа, но моето
семејство за мене е премногу важно, не можев да бидам мирен во една таква
ситуација која ја видов на трибините, се извинувам до сите премногу
“ изјави
Тосун за тој инцидент по кој го доби првиот црвен картон во својата кариера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×