Тошевски со настапот во кој постигна хет-трик освои уште едно признание

by Стефан
1 минути читање

Репрезентативецот на Македонија, Давид Тошевски зад себе има фантастичен викенд во австриската Бундеслига, а сега е избран и за играч на колото во австриската Бундеслигата.

За екипата на Клагенфурт Тошевски постигна три гола во триумфот на австриската екипа од 3-2.

Тошевски од своите конкуренти доби највисока оценка, а претходно доби место и во тимот на колото.

Исто така со овој настап беше и помеѓу најдобро оценетите напаѓачи за викендот од страна на ФИФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани