Торино со гол во 90. минута ја исфрли Рома од Купот на Италија!

by riste
1 минути читање

Торино со 3-2 ја победи Рома на Олимпико и се пласираше во четвртфиналето од Купот на Италија.

Рома влезе како фаворит во овој дуел, но Торино е оној кој се радува на победа и продолжување во натпреварувањето.

Торино поведе со гол на Адамс во 35. минута, тоа беше и резултат од првото полувреме.

Но, по само неколку секунди игра во вториот дел, нововлезениот Хермосо го изедначи резултатот на 1-1.

Кратко траеше нерешениот резултат, седум минути подоцна Адамс постигнува нов гол и го враќа водството на Торино.

Во 81. минута Арена даде гол за Рома и израмни на 2-2.

Но, Торино дојде и до трето водство на овој натпревар, тоа се случи во 90. минута кога Илкан погоди за 3-2.

Рома немаше време и по третпат да изедначи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×