Екипите во Италија се подготвуваат да се вратат на тренажен процес пред евентуалното продолжување на сезоната. Фудбалерите масовно се тестираат.
Но работите не се одвиваат беспрекорно, Торино соопшти дека имаат играч позитивен на Ковид-19. Името на фудбалерот се уште не е соопштено.
„По првичните медицински тестови, еден од нашите играчи е позитивен на Ковид-19. Фудбалерот е асимптоматичен, и веднаш беше ставен во карантин, во наредните денови постојано ќе се следи неговата состојба“, стои во соопштението на клубот.
За разлика од Германија каде е предвидено само играчот кој ќе биде позитивен да оди во карантин, во Италија се уште се дебатира за тоа.
Власта се уште е со ставот дека кога ќе почнат групните тренинзи и мечевите ако еден е позитивен, тогаш целиот состав треба да оди во изолација, клубовите бараат да се примени методот од Беундеслигата.
Во случајот на Торино нема потреба целиот состав да оди во изолација бидејќи фудбалерите се уште не почнале да имаат групни тренинзи.