Торино го победи Лацио на дебито на Роберто Д’Аверса (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Торино славеше над Лацио со 2-0 во 27. коло од Серија А и најави подобри денови по серијата слаби резултати.

Во дебито на Роберто Д Аверса, „биковите“ тргнаа офанзивно и поведоа уште во 10. минута. По ударот на Дуван Запата и одбиената топка, најприсебен беше Џовани Симеоне кој ја смести во мрежата за 1-0.

Конечните 2-0 беа поставени во 53. минута по одлична тимска акција и прецизен центаршут од левата страна, а Запата со удар со глава ја потврди победата. До крајот Лацио се обиде да се врати во игра, но без конкретен ефект.

Торино се искачи на 14. место со 30 бода, додека Лацио останува десетти со 34.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×