1,2K
Медиумите од Италија уште минатата недела најавија дека Илија Несторовски е на радарот на Торино за зимскиот преоден рок.
Популарните „Бикови“ се во потрага на напаѓач кој ќе биде резерва на Андреа Белоти, но ќе треба и да игра покрај „Петелот“ во форот.
Тутоспорт пренесува дека Торино веќе доставил понуда вредна 7 милиони евра, и во следните недели ќе тргне во офанзива по услугите на Македонецот.
Но „Биковите“ веројатно ќе треба подлабоко да бркнат во џебот со оглед на тоа дека Маурицио Ѕампарини пред само два месеци одби 15 милиони евра, а неодамна и го награди „Нестогол“ со нов побогат договор со трајност до 2021.