Торган Азар: Само двајца се подобри од мојот брат

by
1 минути читање

Еден Азар имаше импресивна партија против Арсенал, белгискиот фудбалер игра во одлична форма цела сезона и е еден од најзаслужните за лидерската позиција на Челси во Премиерлигата.

Неговиот брат, Торган Азар кој настапува за Борусија Менхенгладбах, смета дека Еден може да биде најдобар играч во светот.

„Да, сите мислат дека Еден има потенцијал да стане најдобар играч во светот. Но во моментов има двајца исклучителни играчи, Роналдо и Меси. Тие се многу силни, па можеби Еден ќе треба да почека додека тие не престанат да играат или додека навистина остарат“ – вели Торган.

„Според мене Еден е веќе еден од најдобрите. Сакам да го видам како трет на листата за Златната Топка и мислам дека наскоро ќе се случи тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани