Сезоната за Лукас
Тореира практично е завршена, Уругваецот се повреди на дуелот против Портсмут
во ФА Купот.
Стартот за кој не
беше досуден ниту фаул, се покажа дека воопшто не бил наивен, фудбалерот од
средниот ред заработил фрактура на скочниот зглоб и ќе паузира помеѓу осум и
десет недели.
Па навивачите на Арсенал
на социјалните мрежи веднаш негодуваа и го нападнаа судијата Мајк Дин. Тие посочуваат
дека овој арбитар ја делел правдата и кога тешки повреди, односно скршеници, заработиле
и Едуардо, Вилшер и Дијаби.
Англичаните знаат
да бидат робови на традицијата, на сите им е познато дека на „островото“
судиите дозволуваат машка игра и имаат поголема толеранција при стартовите и
дуел играта, тоа е особено изразено во куповите кога настапуваат екипи од
пониските рангови.