Тони Крос попладнево соопшти дека оди во пензија, фудбалерот на Реал Мадрид ќе стави крај на кариерата по Европското првенство во неговата родна Германија.
Тони Крос на 34 години реши да стави крај на кариерата, настапот на ЕВРО 2024 во дресот на Германија ќе биде неговиот последен танц.
„Долго време мислев на оваа тема, навистина долго, долго време и донесов заклучок дека оваа сезона, оваа прекрасна сезона, мојата сезона број 10 во Реал Мадрид, ќе ми биде и последна“ – порача Германецот.
„Сите кои ме слушаа внимателно изминативе години, слушаа дека размислувам само за една опција, да ја завршам кариерата во Реал Мадрид. И ониe кои знаат колку е 1+1, знаат што мислам“.
„Мојата последна сезона во Реал Мадрид, ќе биде моја последна во кариерата“.
„Одлуката воопшто не беше лесна, но сега откако ја донесов, го разбрав тоа чувство од една страна да бидете многу среќен, а од друга да бидете многу тажен“.
Во 10 сезони поминати во белиот дрес, Тони Крос освои 22 титули: 4 во Лигата на шампиони, 5 на Светското клупско првенство, 4 во Суперкупот на Европа, 4 во Ла Лига, 1 во Копа дел Реј и 4 во Суперкупот на Шпанија.
Во дресот на Баерн Минхен има освоено 1 титула во Лигата на шампиони, 1 на Светсткото клупско првенство, 1 во Суперкупот на Европа, 3 во Бундеслигата, 3 во Купот на Германија и 2 во Суперкупот на Германија.
Во дресот на Германија стигна до титулата на Светското Првенство во 2014.