Томори открива како му го скршил носот на Коста за време на тренинг

by
1 минути читање

Дефанзивецот на
Челси, Фикајо Томори, откри една анегдота од тренинг на Челси, односно како
дошло до скршеница на носот на поранешниот напаѓач на Премиерлигашот, Диего
Коста, по еден воздушен дуел со него за време на тренинг.

Томори немал
претстава дека повредата на Коста била од таков карактер се дури не ги видел
изданијата во весниците по таа тема ден подоцна, а во интервју за
специјализираниот фудбалски портал „Гол“, Томори објасни како се случил тој
несреќен момент, тврдејќи дека бил на училиште во моментите кога се дознало за
скршеница на носот кај Коста.

Јас се уште бев
на училиште, не знаев дека тоа се случи на тренингот, тоа беше несреќен момент

изјави 21 годишниот Томори.

Тоа беше
несреќен случај, ние двајцата имавме воздушен дуел, тој се обиде да погоди, а јас
морав да реагирам да ја расчистам опасноста пред голот, тој со носот удри во
мојата глава и си го искрши носот, не знаев дека повредата била од таков
карактер се до наредниот ден кога тоа беше низ сите весници
“ додаде младиот
дефанзивец на Челси отфрлајќи било каква намера во тој момент.

Добив безброј
пораки во кои се велеше дека сум имал намера да го сторам тоа, јас се вратив на
училиште и почнаа да ме прашуваат за тој настан, меѓутоа се
беше во ред во комуникацијата со него по
тој случај, не ме удри на тренингот потоа
“ заклучи Томори.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×