Томас Тухел ја напушти Борусија Дортмунд

by
1 минути читање

43-годишниот Тухел ја презема Борусија Дортмунд во 2015 по заминувањето на Јирген Клоп, но неговиот престој не траеше долго.

Борусија Дортмунд имаше солидна сезона откако го освои Германскиот Куп и избори место во Лигата на шампионите преку Бундеслигата.

Но, неговиот однос со спортскиот директор Ханс Јоаким Вацке е причината за заминување од клубот.

„Благодарен сум за двете возбудливи, прекрасни години. Штета што не продолживме. Им благодарам на фановите, на тимот, стручниот штаб и на сите кои ни даваа поддршка“ – изјави Томас Тухел.

Во официјалното соопштение Борусија Дортмунд го потврдува заминувањето на Тухел, но не ја открива причината.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани