1,K
Томас Тухел ја доби довербаат од Фудбалската асоцијација на Англија и ќе ја води селекцијата на „Триет лава“ на патот кон Светското првенство во 2026 година.
Еден од „критичарите“ на германскиот селектор е легендарниот стратег Хари Реднап. Тој на еден настан пред публика во живо даде коментар за Тухел кој може да се сфати и како сатиричен, меѓутоа беше остар.
„Ми се допаѓаше Герет Саутгејт, ама моравме да освоиме барем нешто. Да бидам искрен, мислам дека Томас Тухел е германски шпион. Ви кажувам, сериозно е испратен да не за*бе“, прокоментира Реднап.