По пет години поминати во Арсенал, Томас Парти се подготвува за нов предизвик и повторно се сели во Шпанија, овојпат како засилување на Вилјареал. Ганскиот репрезентативец ќе потпише двегодишен договор со „жолтата подморница“, откако му истече договорот со лондонските „топчии“ и заминува како слободен агент.
Интересно е што неговото деби за новиот клуб може да биде токму против Арсенал, бидејќи двете екипи ќе одиграат пријателски натпревар во рамки на подготовките за новата сезона.
Парти има 32 години и веќе добро го познава шпанскиот фудбал. Тој беше дел од Атлетико Мадрид од 2013 до 2020 година, а како млад фудбалер играше и на позајмици во Мајорка и Алмерија.
Со ова засилување, Вилјареал добива искуствен играч за средината на теренот, кој има богат меѓународен резиме и големо искуство од Премиерлигата.