Toмас Милер може да направи трансфер каков што никој не очекува

by Стефан
1 минути читање

Германскиот ветеран Томас Милер би можел да направи изненадувачки трансфер и да се пресели во редовите на Рапид Виена, клуб кој сериозно се обидува да го доведе.

Се поврзуваше Милер со клубови од МЛС лигата и Саудиска Арабија, но според последните информации сега се појавила и една поинаква опција.

Имено, славниот Рапид Виена наводно испратил понуда до Милер вредна три милиони евра по сезона, но не е познато на колку години би била соработката.

За Милер Рапид може да биде привлечен затоа што Виена не е далеку од Германија и не би му требало премногу време за прилагодување.

Рапид е клуб со голема традиција и рекордер во домашното првенство со 32 титули, но последен пат беа шампиони во 2008 година, па сега сакаат да се вратат на победничките патеки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×